Велика Британија ја напушта европската програма за размена на студенти Еразмус

од Stefanija Kuzmanovska
362 прегледи

Британскиот премиер Борис Џонсон изјави денеска дека неговата земја ја напушта Европската програма за размена на студенти „Еразмус“ како дел од договорот постигнат со Европската унија (ЕУ), наведувајќи ги трошоците како причина и друга програма што ќе ја замени.

Нагласувајќи дека тоа е „тешка одлука“, Џонсон објасни дека, иако е „прекрасна работа“ да се угостат многу европски студенти, програмата е „екстремно скапа“ за Велика Британија.

Премиерот најави британска програма што им овозможува на студентите да студираат на „најдобрите универзитети“ во светот, а не само во Европа.

Програмата Еразмус, во која Обединетото Кралство учествува од 1987 година, ќе ѝ отстапи место на програмата именувана по британскиот математичар Алан Туринг.

Европскиот преговарач Мишел Барние изрази „жалење“ што Велика Британија го напушта Еразмус, барајќи од владата во Лондон „брзо“ да објасни алтернативни решенија.

Слични содржини