Фејсбук ја отстрани страницата на познатиот австралиски готвач Пит Еванс откако тој постојано споделуваше дезинформации за коронавирусот.
Еванс, кој имал околу 1,5 милиони следбеници, ширел теории на заговор за пандемијата и вакцините. Тој исто така изнел неточни тврдења за маските, како и за мрежата 5G. Сите овие теории веќе ги побија медицинските експерти, па затоа е јасно дека не се точни, пишува Би-Би-Си.
Пред тоа, Фејсбук отстрани индивидуални објави на Еванс, кои исто така беа препознаени како дезинформации. Компанијата објасни дека ја отстраниле неговата страница поради „повеќекратно кршење на правилата“, пренесува Индекс.
„Не дозволуваме никој да споделува дезинформации за Ковид-19 што може да доведе до непосредно оштетување на здравјето на луѓето или за вакцините против короната, кои веќе ги побија експертите“, додаваат тие.
Неговиот Инстаграм профил со скоро 280.000 следбеници е сè уште активен, а Еванс не престанува да изразува незадоволство од одлуката на Фејсбук за тоа.
Во своите соопштенија тој го нарекува потегот на компанијата „цензура“.