Министерството за здравство информира дека во земјава вкупно се хоспитализирани 1045 пациенти од Ковид-19 и има околу 300 празни болнички кревети. Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекува вкупно 631 пациент.
Според извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 44 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 57 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 36 пациенти, во Велес се лекуваат 35 болни, а во Куманово 95 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД 19.
Во ковид-центарот во Охрид има хоспитализирано 65 пациенти, во Прилеп 72 во ковид-центарот во Гостивар 35, а во Струга 36 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 61 пациент, во Кочани 19 во Кичево 20, Кавадарци 36, во Гевгелија 19 лица, а во Дебар 6 позитивни и суспектни на корона вирусот.
Треба да се има предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти.
Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти, со што ќе се ослободат дополнителни легла, се наведува во соопштението.