Кинеската компанија „Валвакс биотехнолоџи“ започна со работа на тест погон за првата фаза од вакцината за коронавирус, слична на британско-шведската вакцина „АстраЗенека“, објавија денеска кинеските државни медиуми.
Масовното производство на предложената вакцина може да започне во средината на 2021 година, со проценет капацитет од 200 милиони дози, објави „Хелт тајмс“, објави Ројтерс.
Третманот се базира на аденовирус на шимпанзата, кој обезбедува материјали што можат да предизвикаат имунолошки одговор на вирусот што предизвикува коронавирус, техника усвоена од „АстраЗенека“ и Универзитетот во Оксфорд.
Кинескиот кандидат, ко-развиен од кинескиот универзитет Кингхуа и медицинскиот универзитет Тијанџин, не е тестиран на луѓе.
Кандидатот за вакцина „АстраЗенека/Оксфорд“ е во завршна фаза на тестирање.
Последното испитување на кандидатите за „АстраЗенека“ во Велика Британија и Бразил минатиот месец покажа ефикасност од 62 проценти кај учесниците во студијата на кои им беа дадени веднаш две полни дози и 90 проценти ефикасност во подгрупа со дадена половина, а потоа и целосна доза.