Абазовиќ: „Монтенегро ерлајнс“ ги затворија Ѓукановиќ и Марковиќ!

од Vladimir Zorba
335 прегледи

Црногорскиот вицепремиер Дритан Абазовиќ за подгорички „Вијести“ изјави дека „Монтенегро ерлајнс“ (МЕ) не идентитетско, туку економско прашање и дека треба да се третира на тој начин, додавајќи дека црногорската национална авиокомпанија била „закопана“ од владите на Мило Ѓукановиќ и Душко Марковиќ.

Абазовиќ го обвини „арогантното управување“ за големите проблеми во МЕ, кои, како што тврди, „функционирале делумно и надвор од законот сите овие години“. Владата, како што рече, не донела одлука за затворање на „Монтенегро ерлајнс“, туку добила само информации за „катастрофалната состојба“ во таа компанија.

Абазовиќ рече дека ја почитува „патриотската нота“ што сопственикот на компанијата „Савана“, Веселин Мијач, ја искажа за спасување на компанијата, но оцени дека тоа е направено несериозно.

„Не ни е драго што дојдовме до оваа ситуација, но ова нема никаква врска со оваа влада, туку со арогантниот однос кон буџетот во претходниот период“, рече Абазовиќ.

Слични содржини