Мицкоски: 1903 година Њу Јорк Тајмс по повод смртта на Гоце Делчев објавува “убиен е македонскиот лидер“

159 прегледи

Лидерот на ВМРО ДПМНЕ, утринава продолжи со низата обвинувања кон премиерот, Зоран Заев.

Имено, тој во својот фејсбук статус потсети на смртта на Гоце Делчев и објавувањето во странски медиуми за истата, но и како, како што наведува, премиерот Заев ја гледа државата после 117 години.

„1903 година Њу Јорк Тајмс по повод смртта на Гоце Делчев објавува “убиен е македонскиот лидер”. 117 години подоцна заглавени помеѓу приказните за тоа дека бугарите сакале да бидат татковци, братучеди и браќа, Заев ја губи државата. Ако цената е себеодрекување, тогаш одговорот треба да е напуштање на договорот на Заев со источниот сосед и прекин на преговорите“, се вели во фејсбук статусот на опозицискиот лидер, Мицкоски.

Слични содржини