Шпанија ќе прави регистар на лица кои одбиваат да се вакцинираат против корона

од Vladimir Zorba
205 прегледи

Шпанските власти ќе водат регистар на луѓе кои одбиваат вакцина против коронавирус и ќе ги споделат податоците со другите европски земји.

Сепак, податоците нема да бидат објавени во јавноста, соопшти денеска Министерството за здравство.

Министерот Салвадор Ила изјави дека е важно граѓаните да се вакцинираат против коронавирус, иако вакцинацијата, започната во многу земји на Европската унија (ЕУ), не е задолжителна.

„Ќе создадеме регистар на луѓе кои не ја сакаат вакцината и тоа ќе го споделиме со другите европски земји“, рече Ила, додавајќи дека во регистарот ќе има луѓе на кои им е понудена вакцината, но кои ја одбиле.

Според него, регистарот не е документ што ќе и биде презентиран на јавноста и ќе се земе предвид заштитата на податоците.

Шпанската влада планира да вакцинира околу 2,5 милиони луѓе до крајот на февруари, а помеѓу 15 и 20 милиони до летото.

Во таа земја, околу 50.000 луѓе починаа од коронавирус, додека 1,8 милиони беа заразени.

Слични содржини