Бајден го критикуваше доцнењето во дистрибуцијата на вакцините за корона

од Vladimir Zorba
171 прегледи

Новоизбраниот американски претседател Џо Бајден денеска го критикуваше одложувањето на дистрибуцијата на вакцини за коронавирус во САД, осудувајќи го недостатокот на мобилизација на администрацијата на претседателот во заминување Доналд Трамп.

„Планот на администрацијата на Трамп за дистрибуција на вакцини е многу доцна“, рече Бајден од неговиот дом во Вилмингтон.

Околу 2,1 милиони луѓе ја примија првата доза на вакцина од двајца производители – Pfizer-BioNTech и Moderna, според најновите податоци на Центрите за контрола и превенција на болести (ЦДЦ).

Тој број е далеку од целта на администрацијата на Трамп, која вети дека околу 20 милиони луѓе ќе бидат вакцинирани до крајот на годината.