Кина ја одобри вакцината на „Синофарм“ против корона

од Vladimir Zorba
175 прегледи

Кина ја одобри својата прва вакцина за коронавирус за општа употреба од „Синофарм“, објави денеска кинеската национална управа за медицински производи.

Иако детални податоци за ефикасноста на вакцината не се објавени, Институтот за биолошки производи во Пекинг објави дека вакцината е ефикасна 79,34 проценти, пренесува Ројтерс.

Иако Кина беше побавна во одобрувањето на вакцината од другите земји, веќе неколку месеци вакцинира луѓе со три различни вакцини кои се во завршна фаза на тестирање, пишува британската агенција.

Претставник на „Синофарм“ рече дека деталите за вакцината ќе бидат објавени подоцна.