276
Косовскиот премиер Авдулах Хоти во техничкиот мандат објави дека владата во Приштина денеска ќе потпише нов договор со владата на Соединетите Американски Држави, кој, како што рече, предвидува стотици милиони долари да бидат инвестирани во Косово во наредните години.
Хоти рече дека новиот договор произлегува од договорот од Вашингтон и додаде дека тој го отвора американскиот финансиски пазар за компании од Косово, пренесува Косово Онлајн.
Хоти оцени дека Вашингтонскиот договор, потпишан на 4 септември, се смета за историски важен.