340
Најмалку десет лица беа повредени, а 12 исчезнаа во норвешкото село Гјердрум, 25 километри од Осло, во свлечиште кое зафати неколку куќи.
Околу 700 жители беа евакуирани веднаш од селото, а едно лице е тешко повредено.
Премиерот Ерна Солберг посочи дека ситуацијата е сè уште нестабилна и дека само хеликоптерите можат да се приближат до местото.
– Ме боли да видам како природните сили го опустошија Гјердрум. Моите мисли се со сите погодени од свлечиштето – рече таа.
Одронот е предизвикан од обилни врнежи од дожд, а калта проголта неколку куќи.