Од активните претпријатија од нефинансискиот сектор, 3,1% се странски филијали

150 прегледи

1793, односно 3,1% од вкупниот број активни претпријатија од нефинансискиот сектор, биле домашни компании контролирани од странство, односно странски филијали.

Како што говорат податоците кои беа објавени од страна на Државниот завод за статистика за 2018 година, во овие филијали биле вработени 18,9 проценти од вкупниот број на вработени. Овие фирми како што се вели, реализирале 38,6 проценти од вкупниот промет што укажува на нивното значително вијание врз домашната економија.

Најбројни се оние од трговијата на големо и мало и поправка на моторни возила, а најголем дел од вработените, над 80 проценти, биле ангажирани во преработувачката индустрија, трговијата на големо и мало и во секторот информации и комуникации.

Најголем удел во вкупниот промет имале компаниите од секторот индустрија, информации и комуникациии и трговијата на големо и мало и поправка на возила.

Земјите – членки на ЕУ контролирале 59,2 проценти од странските филијали во кои биле ангажирани 71, 2 проценти од вработените. Овие компании учествувале со 72,3 проценти од додадената вредност.

Економски најважните странски филијали се од Австрија (14.9 %), Холандија (12.0 %), Обединетото Кралство (11.8 %), Германија (8.3 %) и Унгарија (6.3 %).

Слични содржини