Деве Баир како во обичен ден: Нема зголемена френфенција на возила и лица

264 прегледи

Нема зголемена фрекфенција на возила и лица на граничниот премин, Деве Баир. Вообичаено на едната и другата страна, на дневно ниво минуваат околу илјада лица.

„Иако се слави Нова година, ниту денес, ниту изминатите неколку дена не е зголемен бројот на луѓе што минуваат низ Деве Баир, за влез и излез од државата. Во просек, дневно на овој премин минуваат околу илјада лица и таа бројка е непроменета, а денес речиси и да нема раздвиженост. Ниту бугарските граѓани не доаѓаат во голем број, бидејќи кај нив веќе завршија божиќните празници“, посочија од Полициската станица за гранична проверка и граничен надзор, регионален центар Исток.

Инаку, по препораките од надлежните за одговорно славење и забраната за собири, деновиве се засилени и контролите од страна на Министерството за внатрешни работи. Оттаму потсетија и за почитување на мерките и препораките за заштита од КОВИД-19. Во Крива Паланка вчера беа регистрирани шестмина новозаразени од КОВИД-19 и четворица оздравени, а едно лице на 65-годишна возраст ја загуби битката со вирусот.

Од почетокот на пандемијата во Крива Паланка се заразени 616, а во моментов има 117 активни случаи со КОВИД-19.

Слични содржини