Општина Гевгелија распиша меѓународен тендер за ревитализација на дивата гевгелиска депонија

408 прегледи

Од општина Гевгелија денес соопштија дека е распишан меѓународен тендер за ревитализација на дивата гевгелиска депонија кај Сува река, која ќе се релизира со 420 илјади евра од грчки грант кои остана по изградбара на пречистелната станица во Гевгелија.

„Проектот за ревитализација предвидува изградба на уште еден заштитен ѕид на брегот на Сува река, дислокација на отпадот до новата времена депонија кај Ново Конско и хортикултурно преуредување со зелена површина на целиот простор на сегашната дива депонија“, посочуваат од општината.

Од таму, исто така потенцираат дека реализацијата на проектот ќе овозможи конечно да профункционира современата времена депонија за комунален отпад, која беше изградена со јапонски грант преку УНДП. По изградбата на регионалната депонија во Добрашинци, со одлука на Министерството за животна средина и просторно планирање, депонијата кај Ново Конско првично ќе се користи како претоварна станица.

Согласно своите обврски, општина Гевгелија до депонијата изгради пристапен пат со средства доделени од Меѓународната организација за мигранти, а со сопствени средства обезбеди електрично напојување на просторот со фотоволтаични панели.

Слични содржини