Само 32 проценти од оние на возраст меѓу 35 и 49 години сакаат да се вакцинираат, додека 58 проценти од оние над 65 години сакаат да се вакцинираат.
Повеќе жени отколку мажи – 69 проценти од жените и 46 проценти од мажите во Франција не сакаат да се вакцинираат против вирусот корона.
Само 32 проценти од оние на возраст меѓу 35 и 49 години сакаат да се вакцинираат, додека 58 проценти од оние над 65 години сакаат да се вакцинираат.
Генерално, вкупно 58 проценти од испитаниците не сакаат да се вакцинираат, објави Гардијан.
Истражувањето направено за Фигаро и Франс Инфо беше спроведено пред Божиќ, но беше објавено вчера.
Од 27 декември, кога започна кампањата за вакцинација во Европската унија, до 1 јануари, само 516 лица беа вакцинирани во Франција.
По силниот притисок и критики, француската влада објави дека ќе ги забрза работите.
До крајот на јануари, фокусот ќе биде старците во домовите за стари лица и здравствениот персонал кој има други болести, додека од крајот на јануари, фокусот ќе биде на населението, почнувајќи од луѓе постари од 75 години, а потоа и оние постари од 65 години.