Кина затвори цела провинција од страв од ширење на коронавирусот

од Берта Китинска
228 прегледи

Кина прогласи делови од провинцијата Хебеи во близина на Пекинг за зона со голема опасност од коронавирус, откако здравствените власти забележаа 14 нови случаи на Ковид-19.

Во градот Шиџијажуанг, каде се планирани натпревари за Зимските олимписки игри во 2022 година, имало 11 лица кои се заразени од Ковид-19. Според локалните власти, дополнителни 30 лица биле позитивни на вирусот, но без симптоми на болеста.

Уште тројца пациенти со Ковид-19 биле во градот Јантаи, а тоа се вкупно 33 потврдени нови случаи во Кина, соопшти денеска Националната здравствена комисија.

Се наведува дека 16 од новозаразените случаи биле увезени, а 17 од нив биле локално пренесени случаи, од кои 14 биле во провинцијата Хубеи, два во провинцијата Лиаонинг и еден во Пекинг, пренесува Ројтерс

Потврдени се и 37 нови асимптоматски случаи, кои Кина не ги класифицира како потврдени случаи на инфекција, додека претходниот ден имало 40 случаи.

Во Кина се потврдени 87.183 случаи на коронавирус од почетокот на пандемијата, а вкупно починале 4.634 лица.

Слични содржини