Традиционалниот Вевчански карневал ќе се оддржи со протоколи и мерки за заштита

343 прегледи

Вевчанскиот карневал, кој традиционално се оддржува на 13. јануари, и оваа години ќе биде оддржан, но како што известија со мерки и протоколи кои се налагаат, но дел од обичаите ќе бидат опфатен и истите ќе испратат порака за „бркање на злото“.

Заменик претседателот на василичарското друштво „Долна маала“, Перо Тешиноски истакна дека имаат притисок од населението за одржување на традицијата, со која се „брка лошото“.

„Секојдневно разговараме со василичарите за почитување на мерките и протоколите. За предводниците, односно зетот, невестата, глупавиот август и музичарите можам да гарантирам дека ќе се придржуваат кон препораките за држење дистанца. Се надевам дека и останатите ќе го испочитуваат ветеното. Имаме голем притисок од жителите да се направи вековниот обичај, со кој се брка лошото“, посочи Тешиноски.

Инаку, на синоќешниот состанок, на друштвото било договорено дека нема да се реализираат обичаите од 12 јануари, но ќе се одржи маскенбалот следниот ден под посебни протоколи со маски и држење растојание. За вечерта најавуваат традиционална посета на домовите, но без влегување внатре.

Од василичарското друштво „Горна маала“ велат дека ја следат состојбата и насоките и деновиве ќе излезат со став.

Слични содржини