170
Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, го изнесе своето мислење дека пандемијата на коронавирус е Божја казна за луѓето поради лошиот однос кон природата и ги повика своите сограѓани да ја почитуваат хармонијата со природата.
„Во мојата (новогодишна) честитка споменав електрични автомобили, но главната порака беше дека Господ веројатно нè казни со вирусот затоа што лошо се однесуваме кон природата. Ако нема хармонија со природата, нема да бидеме здрави, а нашите деца ќе бидат сиромашни“, изјавил Лукашенко.
Белорускиот лидер се осврна и на важноста на екологијата. Тој потсети дека во земјата започнала кампања за зголемување на употребата на електричната енергија во различни сфери, вклучително и транспортот и греењето.