247
Американската администрација денес соопшти дека хакерскиот напад врз федералните агенции минатиот месец „најверојатно потекнувал од Русија“.
Според администрацијата на Белата куќа, се чини дека станува збор за обид за собирање разузнавачки информации.
Ова е наведено во едно од ретките соопштенија на Федералното истражно биро (ФБИ) и другите истражни агенции.
Минатиот месец, американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Кина може да стои зад хакерскиот напад врз американските агенции и институции, а не Русија, како што се веруваше од самиот почеток.