292
Денес, озвучено возило во 12 часот заедно со полициски возила ќе ја најави среќната вест за Христовото раѓање, и со тоа симболично ќе се оддржи традицијата за формирање на бадникови поворки. Па така возилото, ќе ја вози стандардната траса, односно од црквата Св. Димитриј до Соборниот Храм во Скопје.
Инаку, овојпат, без физичко присуство на луѓе, песната „Вечниот Бог” ќе ечи од звучниците на возилото, во исто време, кога и на покана на „Бадникови поворки”, голем број деца и нивните семејства, во домашни услови, ќе ја пеат коледарската песна и ќе испратат силна заедничка молитва и порака за обединување на народот во вербата и надежта за подобро утре.