266
На својот фејсбук профил, попладнево се огласи екс градоначалникот на Центар, Андреј Жерновски, кој му порача на лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски дека на „лагата и се кратки нозете“.
Неговиот статус на социјалните мрежи ви го пренесуваме во целост:
Мицкоски, на лагата и’ се кратки нозете!
Претседателот на партијата на Груевски, Мицкоски, денеска изјави дека “Македонија живее во медиумски мрак и дека состојбата никогаш не била полоша”.
За да му покажам и докажам дека кажува невистини, јавно му ја праќам табелата на Reporters without borders, каде е набележано рангирањето на нашата земја. Од прикажаното, јасно се гледа дека во времето на владеето на ВМРО-ДПМНЕ, од 180 анализирани земји, сме биле на мизерното 123 место, за да денес сме на 92 место.
Затоа, поради ваквите лаги и клевети, во неодамнешната Студија изработена од страна на Генералниот директорат за надворешна политика на Европската Унија, а по нарачка на Европскиот парламент (објавена на интернет-страница под наслов „Мапирање на лажните вести и дезинформации на Западниот Балкан и идентификување начини за борба со нив“), токму Христијан Мицкоски е наведен како главен извор на дезинформации.
Мицкоски, на лагата и’ се кратки нозете!
Претседателот на партијата на Груевски, Мицкоски, денеска изјави дека…
Posted by Andrej Zernovski on Петок, 08 јануари 2021