159
Палестина е првата земја на Блискиот исток што ја регистрирала руската вакцина против коронавирус „Спутник V“, се наведува во соопштението на Рускиот фонд за директни инвестиции.
„Рускиот фонд за директни инвестиции објавува дека Министерството за здравство на Палестина ја регистрира руската вакцина против вирусот корона „Спутник ве“ (Спутник V). Регистрацијата е направена како дел од забрзан процес, без извршување дополнителни клинички тестови на територијата на државата “, објавиl Фондот.
По слична постапка, вакцината „Спутник V“ е регистрирана од Аргентина, Боливија, Србија и Алжир.