Папата Франциск го смени важното правило кое постои стотици години во Католичката црква, според кое само мажите можат да служат на свештениците во олтарот при одржувањето на мисите.
Во писмото до кардиналите, папата ја формализираше промената на правилата што неофицијално се применуваат во католичката црква веќе некое време. Сега и жените можат да бидат помошнички на свештеникот кој одржува миса.
Според „Ватикан њуз“, жените за време на мисата можат да ја имаат улогата на лектор (оној што чита библиски текстови надвор од евангелијата) или на аколит (чија должност е да извршува церемонијални задачи, како што се палење свеќи, носење крст, вино или нафора…). Двете овие должности не треба да ги извршуваат свештениците, туку световните лица.
Така, пристапот на жените до олтарот за време на литургиската служба сега е официјален, што е табу во многу христијански заедници уште од почетокот на христијанството.
Како што е наведено во писмото на Папата, оваа одлука е само формализирање на она што многу епископи веќе го дозволиле.
Сепак, тој објасни дека повикот на свештеник останува резервиран само за мажите.