Во своето гостување во 24 отворено, поранешниот амбасадот во САД, Васко Наумовски, потенцираше дека за прашањата кои ја опфаќаат надворешната политика, Власта треба да подаде рака, а опозицијата да ја прифати.
Исто така, тој потенцира и дека не треба дневно политичките прашања да се базираат на надворешната политика и дека поените на политичките партии во овој процес не се најважни.
„Собранието е најадекватно место за решавање на сите прашања, па и оние за надворешната политика. Ние долг период се обидуваме, надворешната политика, да ја третираме како дневно политичко прашање. Треба да бидеме свесни дека сите држави имаат целосен консензус за прашањата кои ја опфаќаат надворешната политика. Сметам дека треба да се води искрена дискусија за овие прашања и секоја критика треба да биде конструктивна, но и да се понудат решенија за критиките. Јас сметам дека треба да има јавна дебата, но ако политичките партии сметаат дека со тоа ќе загубат поени, нека се оддржи некоја затворена дебата“, посочи Наумовски.