Рускиот опозициски политичар Алексеј Навални изјави денеска дека ќе се врати во Русија со авион од Германија во недела, на 17 јануари.
Навални на Инстаграм напиша дека веројатно целосно се опоравил и дека сега е време да се врати во Русија и покрај бројните правни закани што го очекуваат таму.
Навални, познат како водечки критичар на претседателот Владимир Путин, беше пренесен во Германија на лекување во август откако колабираше за време на летот во Русија.
Германија и другите западни земји тврдат дека тоа било обид за убиство со нервен агенс новичок.
Руските власти негираат дека биле вклучени во овој инцидент на кој било начин.