Синот на американскиот претседател Доналд Трамп Јуниор се обрати до милијардерот и сопственик на компанијата „Тесла“ и „Спејс Х“ Илон Маск со барање да се создаде нова социјална мрежа што ќе ги замени постојните како Твитер, што покажа „еднострана цензура“ со блокирање на профилот на Доналд Трамп.
„Дојде време Русите да учат Американците што е слобода на говор. Погледнете до што доведе целата оваа ситуација“, рече тој, а пренесе „Индипендент“.
Трамп помладиот исто така рече дека Маск е многу добар кандидат кој е во состојба да му се спротивстави на Твитер, бидејќи тој лично ги критикуваше технолошките корпорации на Западна Америка, кои се претворија во еден вид судии на слободата на говорот.
Покрај тоа, тој рече дека новата социјална мрежа треба да ги регулира сите прашања поврзани со ширење омраза и пропаганда на насилство, но и да биде платформа за неутрални коментари и со текот на времето да не стане „левичарска организација“.
Тој исто така изјави дека новата социјална мрежа не треба да се користи за создавање на „конзервативен затворен свет“, туку место каде што е можно да се развиваат идеи.
Да потсетиме, Твитер најпрво привремено го суспендираше профилот на Трамп, но наскоро го блокираше целосно поради, како што беше објавено од таа социјална мрежа, „ризик што ќе предизвика насилство“.
Суспензијата следеше по твитовите на Трамп за демонстрациите на неговите приврзаници во Вашингтон и упадот во конгресната зграда во Капитол. Другите социјални мрежи, како Фејсбук и Инстаграм, исто така ги суспендираа профилите на Трамп од истата причина.