357
Се уште Европската комисија нема одговор, кога конкретно ќе бидат испорачани вакцините предвидени за Западен Балкан. На ова не одговори ниту потпретседателот на Комисијата, Марош Шерифович, пренесува МИА.
Но, тој уште еднаш повторува дека ЕК и земјите членки на унијата се солидарни и ќе бидат тука за земјите кои немаат свое членство, конкретно земјите од Западен Балкан во рамки на битката против Ковид 19.
Денес исто така, министрите за европски прашања одджаа состанок на кој се разговараше за вакцинацијата во рамки на ЕУ, а како што посочивме, се уште не е познато зошто С.Македонија не ги добила вакцините, ниту тие кои како донација треба да пристигнат од Грција и Бугарија, инаку земји членки на Унијата.