321
Во своето гостување во Топ тема, поренешниот министер за образование и наука, Петар Атанасов, посочи дека не треба брзање во однос на реформите и дека процесот секогаш започнува од почеток, а не како кај нас од крајот.
„Во ера на дигитализација, каде светот влезе во визуелизација, вие да укинувате предмети, треба да размислувате дека ова не играчка. Реформите почнаа од крајот, а не од почетокот. Процесот започнува од почеток, ние сега зборуваме како да дизајнираме основен процес на образование. Каде брзаат институциите, сето ова треба темелно да се размисли“, истакна Атанасов.