12 лица се уапсени пред полициската станица во која се наоѓал Навални

од Nikola Popovski
327 прегледи

Дванаесет луѓе се уапсени денеска пред полициската станица во рускиот град Химки, во која се наоѓа опозицискиот лидер Алексеј Навални по приведувањето.

Организациите за заштита на човековите права Апологија на протести и ОВД-Инфо испратија адвокати во две полициски станици да им помогнат во одбрана на уапсените, пишува Медуза.

Десетици приврзаници на Навални беа уапсени денеска за време на протестот во Санкт Петербург. Протестот започна откако беше објавено дека Навални ќе остане 30 дена во притвор. Најмалку 33 лица се приведени, пишува локалниот медиум Бумага.

Исто така, едно лице било уапсено поради протести во Архангелск, град во крајниот северен дел од земјата.

Судот во Москва му одреди денеска притвор на рускиот опозициски лидер до 15 февруари, а судењето е одложено за 2 февруари.

По денешното сослушување, Навални ги повика своите приврзаници да излезат на улица, а неговиот тим најави дека ќе одржи протести низ целата земја на 23 јануари.

Слични содржини