Најмалку 134 автомобили учествуваа во верижен судир во Јапонија во вторникот, кога снежна бура погоди дел од автопатот, при што загина едно лице, а 17 беа повредени.
Верижниот судир се случи на автопатот Тохоку во северната префектура Мијаги околу пладне, на дел од автопатот долг околу еден километар, објави владата.
Властите наредија ограничување на возењето од 50 километри на час откако обилниот снег ја намали видливоста на патот, но и тоа не беше доволно за да се спречи катастрофата.
Во несреќата учествувале околу 200 лица, а 12 се хоспитализирани, соопшти агенцијата за управување со катастрофи.
Спасувачките операции сè уште траат, изјави пред новинарите генералниот секретар на кабинетот Катсунобу Като.
Во последните неколку недели во делови на Јапонија паѓа необично обилен снег, што ги изненади сите.