Протест на студентите од Филозофскиот факултет пред Министерството за образование и наука. Студентите бараат МОН да ја повлече нацрт-концепцијата за основно образование. Дел од пораките на студентите е дека нацртот треба да биде тема на јавна дебата, а не, како што велат, да се протурка некаква модерна реформа.
За потсетување, денес е и последниот ден за праќање по електронска пошта до МОН коментари, предлози и сугестии за Нацрт-концепцијата за основното образование која е поставена на веб-страницата на Министерството за образование и наука.
Инаку уште во петокот, Министерката Мила Царовска информираше дека и откако ќе заврши рокот за коментари по мејл, ќе продолжат усните дебати со сите засегнати во процесот за, како што рече, „да се расчистат дилемите кои намерно или ненамерно беа наметнати во јавноста“.