Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски заедно со потпретседателот Александар Николоски во рамките на својата регионална дипломатска иницијатива оствари средба со Премиерот на Република Словенија Јанез Јанша.
Во своето соопштение, опозициската партија наведува дека Мицкоски на Јанша му зборувал за проблемот со бугарското вето
-На средбата Мицкоски истакна дека Македонија се соочува со вето од Бугарија на патот кон Европската Унија, но и покрај оваа препрека како акутен проблем останува недодостатокот на борба против криминалот и исклучителното високо ниво на корупција во земјава што прави државата да тоне на сите скали и рангирања кои што го мерат квалитетот на живот, истакна Мицкоски.
Тој на средбата побара поддршка од словенечкиот премиер на патот кон Европската Унија особено што Словенија е државата која е идниот претседавач со Унијата. Премиерот Јанша изрази поддршка на Македонија и нејзините евро интеграции како и поддршка за дополнително развивање на сестринските односи со ВМРО-ДПМНЕ како дел од семејството на Европската Народна партија.