Центарот за управување со кризи, ЦУК, ја организираше и ја одржа единаесетата седница на Главниот штаб за управување со кризи (од прогласувањето кризна состојба) во просториите на Влада на Република Северна Македонија. Со Штабот, оперативно стручно тело при ЦУК коешто раководи и координира со активностите за превенција и управување со кризни ситуации, раководеше, в.д. директорот на Центарот, Стојанче Ангелов.
На седницата на Главниот штаб за управување со кризи учествуваа претставници на субјекти во Системот за управување со кризи, СУК, назначени согласно и Законот за управување со кризи, дел од стручните лица од ЦУК, претставници од науката за одбрана, безбедност и кризнен менаџмент, а и од граѓански организации како надворешни соработници од невладиниот сектор, со што се остварува сестрано заедничко согледување, координирање, дејствување, а и надоградување во одредени сегменти во заедничката борба во нашата држава и Регион, против светската пандемија. Согласно дневниот ред, прво беше реализирано сестрано реферирање за преземените мерки и активности на институциите од СУК за справување со кризната состојба од заразната болест „COVID-19“, а потоа следуваше информирање по заклучоците од претходната десета седница на Главен штаб за управување со кризи при ЦУК.
На седницата беа разгледани и надоградени преземените мерки и определени досегашни активности на институциите, согласно Акцискиот план, со цел за поголемо и посеофатно дејствување во правец превенција и справување со ширењето на заразната болест „COVID-19“ предизвикана од вирусот „SARS-CoV-2“, а во насока за заштита на здравјето и животот на населението. Тоа, преку Главниот штаб за управување со кризи при Центарот за управување со кризи, се настојува да се извршува со сеопфатно координирани мерки и активности на субјектите во Системот за управување со кризи, СУК, со насоки за рационално и ефикасно искористување на расположивите национални ресурси, тековно, а и за нареден можен период во поглед на координирани активности за претстојната вакцинација.
Без разлика што според податоците пандемијата во државата има надолна линија во моментов, сепак, не треба да се „олабавуваме“ многу во општеството, особено не и субјектите во Системот за управување со кризи, потенцираше раководителот на Главниот штаб за управување со кризи, в.д. директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, којшто истовремено и ја нагласи важноста за почитување и на секогаш актуелниот апел на Министерството за здравство и Владата на Република Северна Македонија за понатамошно максимално следење на препораките, упатствата, мерките, а и забраните во државата со цел за заштита и спречување на ширење на вирусот.
Инаку, поврзувањето и со научната мисла од областа на кризниот менаџмент, одбрана и безбедност, при одредени етапи од управувањето со кризи – конкретно при координирањето на справувањето со пандемијата во државата, се остварува и со непосреден контакт со реална непосредна присутност и согледување на практикувањето на управувањето со кризни ситуации, а и со размена на мислења за тој процес. Тоа се оствари сега на седницата на Главниот штаб за управување со кризи при ЦУК при кооринирањето на борбата против невидливиот непријател, вирусот „SARS-CoV-2“, а дава можен реален правец на научните согледувања за можна креација и надоградување на идна системска поставенот во државата во контекст на идни соочувања со предизвици при управувањето со кризи.
Центарот за управување со кризи е во постојано заседавање, а во неговата работата покрај постојаното работење и координириње со Црвениот крст на Р. С. Македонија се вклучени соодветно и други претставници на граѓански организации како надворешни соработници од невладиниот сектор. Тоа е проширување на фронтот за борба против пандемијата на оптимално организирана линија и со невладините организации. Тие, невладините организации, како што нагласи раководителот на Штабот Ангелов, се и значаен ресурс на општеството, што согласно можностите се имплементира и во Системот за управување со кризи, а што по сопствена независна активност и работа воспоставува дополнителни интеракциски врски и непосредна комуникација со грѓаните.
Притоа, споделените граѓански индивидуални искуства и идеи, пренесени преку претставници на невладините организации коишто учествуваат во работата на Главниот штаб за управување со кризи при ЦУК, дава можност таквите продуктивни искуства, согледувасња и идеи да се имплементираат како сестрано согледување за поефикасно заедничко дејствување на граѓаните со владините и други државни субјекти на СУК во правец за поголема успешност и координација преку Центарот за управување со кризи во одредени сегменти на управувањето со кризи – во заедничката борба против светската пандемија во нашата држава и Регион што и се остварува преку Главниот штаб за управување со кризи при ЦУК