236
Тројца припадници на Националната гарда загинаа кога нивниот хеликоптер се урна на рутински лет западно од Њујорк, соопштија властите.
„Хеликоптер за медицинска евакуација UH-60 се урна во малиот град Мендон во близина на Рочестер“, изјави Ерик Дар, директор на Стејт департментот за воени и поморски работи на Њујорк.
Истрагата за околностите на несреќата е во тек, пренесува АП.
Хеликоптерот полетал од меѓународниот аеродром Рочестер.
Гувернерот на Њујорк, Ендру Куомо изјави дека знамињата на државните згради денес ќе бидат спуштени на половина копје.