Симовски: Финалните резултати, според нашиот план очекуваме да ги имаме 3 месеци по спроведувањето на пописот

257 прегледи

Во своето гостување во вестите на Канал 5, директорот на Зводот за статистика, Апостол Симовски, посочи кога ќе биде објавена конечната методологијата за спроведувањето на пописот.

„Согласно законот сега, имаме рок од еден месец да ја објавиме методологијата во службен весник, бидејќи тоа треба да биде јавен и транспарентен документ. Таа ги содржи сите чекори што ние како институција треба да ги преземеме за да спроведеме попис согласно сите светски стандарди. Сите дефиниции, техники, учесници ќе биде содржано во таа методологија. Чекаме да пројде уште еден процес на разгледување од Советот на статистика во текот на следната недела, со што ќе биде и официјално објавен овој документ и апсолутно сите дилеми ќе бидат расчистени. Финалните резултати, според нашиот план очекуваме да ги имаме 3 месеци по спроведувањето на пописот.“

 

 

Слични содржини