• Емисиите од работата на Цементарница УСЈЕ постојано се под граничните вредности определени со Закон
Од 2007 година, емисиите на Цементарница УСЈЕ се мониторираат 24 часа, 365 дена во годината од страна на независен, автоматски систем за мониторинг (вкупна прашина, SO2 и NOx), кои се контролирани од страна на надлежните органи. Компанијата не е во можност на каков било начин да влијае врз резултатите.
• Производството запира доколку филтрите не работат
Технолошкиот процес оневозможува работа на погонот без работа на филтрите.
• Цементарница УСЈЕ не влијае врз зголемување на присуството на PM10 честички во воздухот
Паралелното мерење на амбиенталниот воздух (PM10 честички) во кругот на Цементарница УСЈЕ не покажува меѓузависност со состојбите со амбиенталниот воздух измерени на други мерни станици, надвор од цементарницата.
• Работењето на компанијата постојано е следено од страна на Државниот инспекторат за животна средина
• Кога печките на Цементарница УСЈЕ работат, тие работат 24 часа
Цементарница УСЈЕ поради технолошки и деловни причини работи во текот на целото денонокие.
Печките или работат континуирано (24 часа) или не работат.
• Производството на цемент е поинтензивно лете, отколку зиме
Поради поголемата сезонска побарувачка на цемент, производството е поголемо лете, отколку зиме.