Пендаровски: Бугарија и по изборите ќе остане на „тврдиот“ став во однос на С.Македонија

253 прегледи

И по завршување на парламентарните избори во Бугарија предвидени за 4. април, претседателот на земјава, Стево Пендаровски е песимист во однос на позициите на Софија кон Скопје.

Пендаровски потенцираше во своето интервју синоќа дадено за Тв Клан, дека Бугарија има „тврд“ став и дека какви и да се резултатите по изборите таму, промена во ставот кон С.Македонија тешко дека ќе се случи.

Претседателот Пендаровски, сепак се надева дека ќе се добие поддршка, од како што вели европските пријатели и дека тие сепак ќе дадат придонес нештата да тргнат во друг правец и С.Македонија да добие датум за преговори.

Прашан за позициите на Софија за идентитетот, јазикот и за постоење македонско малцинство во Бугарија, Пендаровски вели дека не треба да се навлегува во барања поврзани со самоопределувањето.

„Нивната теза е дека ние од тука треба да се откажеме од обидите да инсталираме некекво македонско малцинство во Бугарија. Принципот број еден во меѓународните односи, особено по 1945 година е немешање во внатрешните работи на други држави. Според тоа, ние не смееме и не сакаме да се мешаме во внатрешниот поредок на Бугарија. Но, ако некој индивидуално се декларира како Македонец и бара право во Советот на Европа или други организации кои се занимаваат со човекови права, тоа не значи дека некој од Скопје го инструирал и платил. Имаме луѓе кои се декларираат како Македонци и во Грција. Во Преспанскиот договор ние не се откажуваме од нив“, потенцираше Пендаровски.

Меѓудругото, што се однесува до новата администрација предвидена од новоизбраниот претседател на САД, Џо Бајден, Пендаровски е оптимист дека ќе се забележи ангажман на оваа земја во однос на регионот и Западен Балкан.

Како што вели Пендаровски, во тимот на Бајден е Бикторија Нуланд, која е во одлична релација со нас, но и со целот регион.

Слични содржини