Бројот на заразени со коронавирус во светот надмина 100 милиони

од Nikola Popovski

Регистрираниот број на лица кои страдаат од коронавирус надмина 100 милиони вечерва, соопшти Универзитетот Џон Хопкинс. Европа претставува речиси една третина од сите случаи.

Седум од 10-те земји најпогодени од вирусот се од Европа, каде Русија, Велика Британија и Франција потврдија повеќе од три милиони случаи на коронавирус.

Шпанија, Италија, Турција и Германија се европски земји во првите десет, од кои секоја досега има регистрирано над два милиони заразени лица.

Најпогодени земји се САД, кои сочинуваат една четвртина од сите случаи во светот.

Поминаа нешто повеќе од три месеци откако 50 милиони заразени со Ковид-19 беа регистрирани ширум светот во ноември 2020 година.

Бројот на пријавени инфекции одразува само мал дел од реалниот број на случаи, бидејќи многу земји користат тестови во ограничен обем, а некои немаат доволно ресурси за да спроведат широки кампањи за тестирање.

До денес, повеќе од 2,1 милиони луѓе починаа од ефектите на коронавирус во светот, а 72,5 милиони се опоравија.

Слични содржини