Секторската група за правда ќе оддржи секторска консултација со граѓанските организации кои се дел од проектот

271 прегледи

Во рамки на проектот „Дијалог со граѓанските организации – Платформа за структурно учество во ЕУ интеграциите“, денес ќе се оддржи секторската консултација на тема „Ефектите од работата на Секторската работна група за правда и идните предизвици за подобрување на соработката помеѓу граѓанските организации и институциите“.

Како што посочува Фондацијата Отворено општество, косултацијата ќе биде оддржана онлајн преку онлајн платформата Зум.

На секторската консултација, како што најави Фондацијата, свој осврт околу работата на Секторската работна група за правда ќе дадат Данче Даниловска-Бајдевска, програмска директорка, Фондација Отворено општество, министерот за правда Бојан Маричиќ, раководителот на секторот за соработка во Делегацијата на ЕУ Никола Бертолини, координаторот на програмата за добро управување, Институт за демократија Миша Поповиќ и програмскиот координатор за меѓународна соработка, Институт за човекови права Маја Стојаноска.

Инаку, оваа секторска консултација е дел од проектот „Дијалог со граѓанските организации – Платформа за структурно учество во ЕУ интеграциите“, кој го координира и имплементира Фондацијата Отворено општество – Македонија, со партнерите Реактор – Истражување во акција, Евротинк – Центар за европски стратегии и Центар за граѓански комуникации.

Слични содржини