Дедо им фрлил бомба на работници кои дошле да му ја исклучат стријата, еден е во животна опасност

од Nikola Popovski
329 прегледи

Утрово околу 9:20 маж во Пакрац, Хрватска, жител на селото фрлил експлозивна направа и така повредил тројца работници кои дошле да му ја исклучат електричната енергија.

„Тројца пациенти беа примени, едниот со повеќе рани од шрапнели по целото тело. Еден е во стабилна состојба. Другиот има повреди од шрапнел на стомакот и тој е стабилен. Третиот е со повеќе повреди и е во животна опасност, по што беше однесен во Загреб“, потврди директорката на Општата окружна болница Пакрац, Марина Мајор.

По тој повод, Милорад А. (71) е приведен.

Што всушност се случило?

Утрото, вработените во ХЕП го паркирале службениот камион пред куќата на Милорад, веднаш до столбовите со кабли за напојување. Откако му за заѕвониле на вратата, тој излегол вознемирен од куќата и набргу им фрлил бомба.

Шрапнелот ги погодил тројцата вработени во ХЕП, а во најлоша состојба бил 52-годишниот Д.М. кој претрпел сериозни повреди на главата и стомакот. Брзо бил пренесен во болницата Пакрац, каде утврдиле дека неговиот живот е во опасност и го испратиле во клиничката болница во Загреб, нешто по 13 часот.

„Во средата, на 27 јануари 2021 година, околу 09:19 часот во Пакрац во улицата Јана Шике, еден човек фрли експлозивна направа од својата куќа кон тројца вработени во ХЕП.

По тој повод, 52-годишникот и 55-годишниот беа повредени и пренесени во болницата во Пакрач за понатамошна лекарска помош, додека трет маж, на возраст од 53 години, потоа побара лекарска помош. Експлозијата ги оштети соседните куќи. Уапсен е 71-годишен старец во врска со горенаведеното и ќе следи понатамошна кривична истрага и утврдување на сите околности на наведениот настан“, соопшти полициското одделение Пожега-Славонија.

Слични содржини