304
Непосредно по објавувањето на информацијата дека се уапсени две лица за случајот „Јавна соба“, администраторите на групата, отворија нова.
Имено, групата почнала да се полни со една иста порака во која стои информација дека е направена нова група, во која администраторот повикува да му се пишуваат приватни пораки за да им ја испрати истата.
За потсетување, претходно и премиерот, Зоран Заев се огласи на својот фејсбук профил, преку кој објави дека извести дека испратиле категорични барања до Телеграм, да ја избрише групата, и дека доколку не се случи тоа, таа социјална мрежа ќе ја забрани за територијата на С.Македонија.