Американската компанија „Новавакс“ објави дека резултатите од истражувањето во Велика Британија покажале дека нејзината вакцина против коронавирус е ефикасна 89,3 проценти.
Компанијата наведува дека прелиминарните резултати покажале дека вакцината е скоро исто толку ефикасна против новиот, поинфективен вид на коронавирус, откриен во Велика Британија, пренесува Ројтерс.
Акциите на Нововакс пораснаа за 26 проценти за само неколку часа по објавувањето на резултатите од студијата, кои доаѓаат во времето кога се појавија првите случаи на јужноафриканскиот вид на коронавирус во САД.
Новавакс наведува дека очекува истражувањето, во кое учествувале 15.000 лица на возраст од 18 до 84 години, ќе биде искористено за поднесување барања за регулаторна ревизија во Велика Британија, ЕУ и други земји.
Околу 27 проценти од учесниците во истражувањето биле постари од 65 години, пренесува Ројтерс.
Одобрувањето на вакцината Новавакс би било добредојдено во Европа, која во моментов се бори со скромно снабдување со вакцини, откако Фајзер и АстраЗенека доставија помалку дози отколку што се очекуваше.