Во рамки на своето гостување на Радио Лидер, Слаѓана Тасева од Транспаренси интернешнл, ги повтори уште еднаш резултатите од вчера презентираниот извештај врзан за Индексот на перцепција на корупцијата, според кој С.Македонија запиша забележителен пад и сега се наоѓа на 111. место на ранг листата.
Тасева по вчерашните обвинувањата дека појасни Транспаренси Интернешнл Македонија е национален огранок на поголема светска коалиција на невладини организации, а има 120 членкки, кои што работат како локални невладини организации, меѓутота индексот за перцепција на корупција се подготвува исклучиво од страна на Секретаријатот на Транспаренси Интернешнл кој се наоѓа во Берлин.
Таа појасни дека националните ограноци воопшто не се вклучени во формирањето на реултатите за индексот за перцепција на корупцијата.
-Ние резултатите ги добиваме со ембарго кога може да бидат затворени и со назнака кога може да се објават. Ние воопшто не учествуваме во нивното подготвување. Затоа сметам дека тоа е еден спин или една шпекулација којашто им одговара на сите коишто се на власт. во тој период кога индексот не е поволен, да обвинат некого којшто е тука локално и којшто ја пренесува пораката. Ние сме едноставно пренесувачи на порака од глобалната организација на Транспаренси Интернешнл, истакна Тасева.