Во рамки на проектот „Дијалог со граѓанските организации – Платформа за структурно учество во ЕУ интеграциите“, денес ќе се оддржи секторска консултација насловена како „Ефектите од работата на Секторската работна група за реформа на јавната администрација и идните предизвици за подобрување на соработката помеѓу граѓанските организации и институции“.
Ваквиот осврт на работата на Секторската група, ќе го дадат денес, програмската координаторка во Фондацијата Отворено општество – Македонија, Нада Наумовска, министерот за информатичко општество и администрација Јетон Шаќири, програмската
координаторка Фондација Отворено Општество – Македонија, Марија Мирчевска и извршната директорка на Центарот за управување со промени, Неда Малеска Сачмароска.
Оваа секторска консултација е дел на проектот „Дијалог со граѓанските организации – Платформа за структурно учество во ЕУ интеграциите“, кој го координира и имплементира Фондацијата Отворено општество – Македонија, со партнерите Реактор – Истражување во акција, Евротинк – Центар за европски стратегии и Центар за граѓански комуникации.