Костадинов: Економските мерки ги ублажија последиците од корона-кризата врз економијата (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba
288 прегледи

„Навремените и ефикасни економски мерки што ги презеде Владата предводена од СДСМ и премиерот Зоран Заев дадоа резултати во ублажување на последиците од коронакризата врз економијата. Тоа, е потврдено со бројни економски параметри“, вели денеска Костадин Костадинов, портпарол и пратеник на СДСМ.

„И покрај тоа што 2020 беше година на економска и здравствена криза, во стопанството се слеале 397,4 милиони евра по основ на поврат на ДДВ кон фирмите.

За цела 2020 година извршен е поврат на скоро 34% од бруто наплатениот данок на додадена вредност. За споредба, во 2019 година извршен е поврат од 32%, во 2018 од 31%, во 2017 од 28%, а во 2016 година 26%“, посочува тој.

Слични содржини