Фатен на дело при обид за силување на 38-годишна жена во Кисела Вода

од Nikola Popovski
486 прегледи

МВР информира дека полициски службеници од СВР Скопје, вчера го лишиле од слобода А.М.(20) од Скопје, затоа што на улица „Петар Делјан“, во населбата Кисела Вода, бил затекнат при обид за обљуба врз 38-годишна жена од Скопје.

„Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава“, стои во билтенот на МВР.

Слични содржини