Во текот на вчерашниот ден со Извршниот комитет беше донесена одлука за да започне иницијативата за собирање на потписи, кој ќе се однесува на сопирање на законот за попис, изјави денска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ комитет, Христијан Мицкоски.
-Во текот на утрешниот ден ја започнуваме процедурата на собирање потписи, која треба да има 100 потписи и прво да се достави до спикерот па следат останатите процедури. Само да напоменам дека веќе Србија, Хрватска, Бугарија се откажаа од пописот. Да го одложиме пописот за неколку месеци, нема ништо по драгоцено од животот на граѓаните, вели Мицкоски.
За него комбинираниот попис што го споменува Заев повторно би значело одење на врата од страна на попишувачите и барање на матичен број.
-Ние бараме тој да биде електронски, вели Мицкоски.