Татко и син претепале вработен во „пајак“ служба

од Nikola Popovski
266 прегледи

Од МВР инфомираат дека вработен во службата за градски паркинг и специјалното возило „пајак“ бил претепан денес околу пладне во Тетово. Инцидентот се случил на улицата „Илинденска“ каде таткото и синот се расправале со вработениот и го нападнале.

Во 12 часот и 40 минути, полициски службеници на СВР Тетово на улица „Илинденска“ во Тетово, во непосредна близина на градскиот плоштад, ги привеле тетовците Х.Т.(19) и Ш.Т.(47), кои претходно физички го нападнале С.М.(49) од тетовска Шипковица, вработен во тетовската „пајак-служба“. Двајцата пријавени за физичкиот напад задржани се во Полициската станица Тетово за расчистување и документирање на случајот, по што ќе им биде изготвен соодветен поднесок“, соопшти портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.

Слични содржини