Системот за борба против корупцијата во С. Македонија со преполовени ресурси

од Vladimir Zorba
206 прегледи

Превработеност. Ова е првиот атрибут што ја „краси“ администрацијата. Илјадници луѓе се појавуваат како вишок во истата. И тоа го покажуваат податоците на Министерството за информатичко општество и администрација.

Истражувањето на Транспаренси Интернешнл сепка се соочува со спротивна реалност. Вработени фалат насекаде. Фокус на истражувањето се неколку институции кои се дел или индиректно се поврзани со системот за борба против корупција. Нема институција која не пријавила дека и фали персонал. Од технички персонал па до високо стручен персонал.

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), е пополнета само со една третина од предвидениот капацитет. Од податоците што ги добиле од Комисијата, користејќи го законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, Комисијата имала 20 вработени, сега се вработени уште 4, значи 24 постојано вработени и 7 избрани членови на истата. Според систематизацијата оваа Комисија треба да има 60 вработени.

„Овој број од 24 вработени е премал согласно овластувањата што ги имаме во ДКСК. Да се надеваме дека 2021 година ќе можеме да вработиме барем 10 луѓе бидејќи сме на мака. Треба да им помагаме на луѓето и ние како членови, бидејќи се малку. Половина од овие 24 луѓе работат технички работи, како архива, 2 буџет и слично“, вели Нури Бајрами, член на Државната комисија за спречување на корупцијата.

Тој додава дека имале функционална анализа на систематизацијата со околу 113 работни места во Државната комисија за спречување на корупција, но тој закон не им поминал на Собрание, па требало да ја усогласат функционалната анализа со сегашниот закон.

Голем недостаток на вработени има и во Државниот завод за ревизија. Според нивната систематизација треба да имаат 168 вработени, но тие имаат околу 100.

Целото истражување на следниот линк!

Слични содржини