Џеф Безос се повлекува од функцијата извршен директор на Амазон. На негово место доаѓа Енди Џеси.
– Возбуден сум што објавувам дека Енди Џеси ќе стане новиот извршен директор. Имам намера да ги насочам енергијата и вниманието кон нови производи и иницијативи – изјави Безос во е-пошта испратена до вработените.
Безос ја основаше Амазон во 1994 година и оттогаш ја претвори од е-книжарница во мега продавница за малопродажба преку Интернет која продава и доставува секаков вид производи ширум светот.
Во јануари минатата година, Амазон ја надмина пазарната вредност од една милијарда долари под водство на Безос. Сега вреди повеќе од 1,6 трилиони долари.
Џеси се приклучи на Амазон во 1997 година, каде што го водеше тимот на веб-услуги на Амазон во облакот уште од неговото основање.